Најновите 20 објави

(Видео) Литија на светлината и на мирот – Победоносецот ја благослови Струга

Според милоста и благоволението на седобриот Бог, и оваа година, по шеснаесетти пат, повторно се излеа небесниот благослов врз градот Струга преку светата и торжествена Литија (Еордија) во чест на славниот Победоносец, Светиот Великомаченик Георгиј. Еордијата, која беше возобновена со духовна ревност и љубов кон Бога и кон Светиот со пожртвувани заложби на нашиот возљубен…

Рајчица – прегрната од благословот на Победоносецот

Во благодатна и молитвена атмосфера, Манастирот Рајчица ја прослави својата слава, светлиот годишен спомен на светиот, славен и победоносен великомаченик Георгиј. Со духовна радост и со благодарствено трепетно чувство кон небесниот покровител на Рајчичкиот манастир, во навечерието на споменот беше отслужена празнична Вечерна богослужба, на која со архијерејско достоинство и со молитвена задлабоченост претстоеше нашиот…

Свети Георгиј и Литургијата на заедништвото

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, изговорено на Светата Литургија на споменот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица, на 6 мај 2023 лето Спасителово Возљубени, Се собравме денеска литургиски во овој свет храм, за со еднодушно славословие да го прославиме светиот великомаченик Георгиј Победоносец – еден од најславните исповедници и маченици, верен…

Победоносецот кој ги собира заедно земните со небесните

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, на вечерната богослужба во чест на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во бигорскиот метох во Рајчица, изговорено на 5 мај 2025 лето Спасителово Христос воскресе! Високопреподобни и чесни отци,Преподобни монаси и монахињи,Возљубени во Христа браќа и сестри,, Му вознесуваме благодарност на човекољубивиот Бог, Кој и годинава нè удостои…

Соопштение за Летните школи по Вероучение 2025

Драги деца и почитувани родители, Со голема радост ве известуваме дека, со благослов на нашиот сакан епископ Антаниски, г. Партениј, ова лето започнуваме со одржување на Летни школи по Вероучение! Овие школи ќе се одвиваат во прекрасниот Бигорски скит - манастирот посветен на сесловенските просветители и учители, Светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа…

РЕДОСЛЕД НА СТРУШКАТА ЛИТИЈА (ЕОРДИЈА)

Почитувани, Со огромна радост ве известуваме дека и оваа година, традиционално на 7 мај, среда, со почеток во 16 часот, Струга, стружани и многубројните гости од земјава и од странство, ќе бидат сведоци на најголемата, најторжествената и една од најпознатите во целиот православен свет, сенародна Струшка Еордија (Литија). Го покануваме целиот народ да земе учество…

Источен Петок во Пречиста Кичевска

Светлината на Пасхата не згаснува; таа продолжува да го преобразува светот. Во пролетната свежина на денешниот Источен Петок – денот посветен на радосното торжество на Животот, како и на Мајката на Животот во чест на нејзиниот живоприемен Источник– во прегратките на благодатната Пречиста Кичевска, повторно се разлеа силниот одек на Христовото Воскресение. Во нејзиниот древен…

Воскресението не е само празник, туку и начин на живот

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, изговорено на Источен Петок, по читањето на Светото Евангелие на Светата Евхаристија, во Манастирот Пречиста Кичевска, на 12/25 април 2024 лето Господово Христос воскресе! Возљубени мои во Воскреснатиот Господ, Го славиме денес она што стои во срцевината на православната вера – светото и славно Воскресение на Спасителот…

Трет ден Света Пасха во Рајчица – радоста на новото творение

Светата Пасха, таа неовоземна и надсветска реалност на преобразувањето за вечноста, продолжува да торжествува во животот на Црквата како постојана теофанија на Божјата благодат. На третиот ден од Празникот над празниците, во Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица, повторно се вознесе Божествената Евхаристија – литургискиот израз на победата на Животот над смртта. Со…

Нашиот Емаус – каде што Воскресението станува Литургија

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, изговорено на третиот ден од Светата Пасха, во Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица, на 9/22 април 2025 лето Господово Возљубени во Христа Воскреснатиот, Според силата на неискажливата милост Божја, и денеска, во третиот ден од Светата Пасха, со радост и благодарност го славиме настанот…

Втор ден на Светата Пасха во Бигорски

„Воспејте Му на Господа песна нова, воспејте Му на Господа, Земјо цела! Воспејте Му на Господа; благословете го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението Негово!“ Пасхалната радост како благодатна река го продолжува своето тивко, но силно течение, преобразувајќи и облагородувајќи сè што ќе допре, секоја душа, сето создание. Во Вториот ден на…

(Видео) Вечерна на љубовта

Осветлени од несоздадената светлина на Христовото Воскресение, озарени со топлината на благодатта што изобилно се излева во овој сепразничен и животодавен ден, нашите души треперат во радосен восхит, а умот ни е просветлен од вечниот блесок на невечерниот Ден. Со благодарност и тивка песна, со зборови кои едвај можат да го искажат неискажливото, Го славиме…

(Видео) Воскресение Христово – Света Пасха

„Дојдете, примите светлина од невечерната Светлина, и благословете Го Христа, Кој воскресна од мртвите!“ Во болскотот на оваа ноќ посветла од сите дни, кога сета твар замолчува пред славата на непобедливата Светлина, Свештената Бигорската Обител повторно беше озарена од нетварната убавина на Воскресението Христово. Во мигот кога насекаде се слушна победоносниот повик: „Христос Воскресе!“, целиот…

Воскресението како повик: станете нова твар!

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј на Света Пасха 2025 ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! Силни и суштествени зборови! Зборови со огромна преобразувачка моќ! Само во Христијанството, само во светлината на Евангелието, поимот Воскресение не е само збор, туку и нешто докажано и доживеано. Кога се поздравуваме меѓусебно со поздравот на победата Христос Воскресе, го изговараме…

(Видео) Света и Велика Сабота

Во Светата и Велика Сабота, кога сета твар таинствено молчи пред величието на Христовиот одмор во Гробот од сеспасителното дело, Бигорската Свештена Обител го проживува врвот на очекувањето, мигот пред космичкиот блесок на Животот. Вечерта на Велики Петок, со свештен трепет и неспоредлива духовна убавина, беше отслужено последованието на Оплакувањето Христово. Пред цветно сплетениот епитаф…

(Видео) Свет и Велики Петок

Денес созданието Го распна на Крст својот Создател. Што поужаснувачко видело Сонцето, кое светлината си ја сокри? Што покрваво доживеала Земјата, која се затресе и распукна? Со што може да се спореди ова недело, достојно за вечна казна и мачење. А Он, пречистиот, премилостивиот, безгрешниот: „Прости им, Отче, оти не знаат што прават“. О, ужасно…

(Видео) „Денес виси на дрво…“ – ново духовно-уметничко дело во чест на Распнатиот

Со благослов и по иницијатива на нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, реализирано е уште едно прекрасно дело во кое се преплетуваат духовноста, уметноста и молитвата. Во чест на денешниот свет и потресен спомен на Страданијата и Распетието Господово – Светиот и Велики Петок – беше сотоворена автентична музичка изведба на величествената црковна стихира:…

Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Почитувани, Свештената Бигорска Обител, како и секоја година, така и сега, се придружува на апелите на властите и на поединечни организации за поевтинување на основните прехранбени производи во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово. Веруваме дека празничната радост треба да биде достапна за сите, вклучително и за оние кои се во потешка материјална…

Патријаршиско послание за Света Пасха 2025

† Β Α Ρ Т Ο Λ Ο Μ Е Ј ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП НА КОНСТАНТИНОПОЛ – НОВ РИМ И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА, БЛАГОДАТ, МИР И МИЛОСТ ОТКАЈ СЛАВНО ВОСКРЕСНАТИОТ ХРИСТОС * * * Најчесни браќа архиереи и благословени чеда во Господа, По милоста и силата Божја, препловувајќи го во молитва и пост морето на Светата и Велика Четириесетница,…

Свет и Велик Четврток

Длабока тишина ја прободува оваа ноќ. Ветрот како да го задржува својот здив, а ѕвездениот сјај не успева да се пробие низ мрачното небо. Целото создание молчи пред делата што се извршуваат врз Создателот. Ова е ноќ на надумна љубов. Но и вечер на предавство. Христос им ги мие нозете на Своите ученици. Бог преклонува…